Танески: Охрид бележи успешна туристичка сезона, мерките лесно ќе се спроведуваат со растот на процентот на вакцинирани

Се сублимираат резултатите од туристичката сезона. Хотелиерите задоволни од годинешната сезона. И покрај пандемијата капацитетите беа целосно исполнети, како во хотелите, така и во приватното сместување. Летово, како домашните гости, не нѐ одминаа ни туристите од Србија, во голем број во убавините на Охридското крајбрежје уживаа и туристи од Албанија, како и туристите од Европа – Полска и Холандија, но и од Турција“, пишува NEWS1, кој на тема туризам разговараше со пратеникот од СДСМ – Лазе Танески, кој е сопственик на „Лаки Хотел“, но и закупец на еден од најголемите хотели на брегот на езерото – хотел „Десарет“.

Прашан како помина оваа летна сезона за охридскиот и македонскиот туризам, Танески вели:

„Без лажна скромност и без политичка претенциозност заради функцијата која ја имам, ако зборуваме искрено можеме само да кажеме дека ова лето капацитетите беа полни. Како што е познато јас сум сопственик на ‘Лаки Хотел’, истовремено со години сум закупец на еден од најголемите хотели на брегот на езерото, хотелот ‘Десарет’, а сум и во постојан контакт со останатите менаџери на хотели. Капацитетите беа целосно исполнети, дојдоа домашните гости, не нѐ одминаа ни туристите од Србија, а има и туристи од Албанија, а иако малку, сепак се вратија и туристите од Европа (од Полска и Холандија) како и од Турција. Тоа сѐ уште не е како пред кризата со Ковид-19, но не е ни како лани кога странци скоро воопшто немаше. Место за незадоволство заради отсуство на туристи нема бидејќи реално летово работевме. Искрено кажано остваривме приходи и можеме да се подготвуваме за следни предизвици кои ќе ги носи времето“, вели Танески.

За новите мерки против ширење на вирусот, кои вклучуваат и рестрикции за невакцинираните, Танески смета дека тие се неминовни заради зачувување на здравствениот систем и негово останување во функција. Целиот разговор прочитајте го ТУКА.

- Реклама -