Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, како и за одржлив развојк и човечки ресурси – Љупчо Николовски, го доби судскиот спор со поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ – Христијан Делев.
Според Основниот граѓански суд Скопје, Николовски не го наклеветил Делев и не постапувал злонамерно кон него кога како дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку прес-конференции, изнесувал наводи за инволвираност на Делев (тогаш заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на ВМРО-ДПМНЕ) во постапките за продажбата на млекарницата „Сведмилк“, ослободување од плаќање на закупнина за „АД Вардар-Градско“ и за „АК Џумјалија“.
Судот оцени и дека во судската постапка Делев не успеал да ја докаже автентичноста на изјавите на Николовски на кои се однесувало тужбеното барање, бидејќи за истите нема(л) релевантни докази во форма на аудио или видео-снимка или транскрипт.
Одлуката на Основниот граѓански суд – дека се неосновани наводите на Делев за клевата, ги потврди и Апелациониот суд. Врз основа на оваа пресуда, Делев е задолжен да ги надомести трошоците во судската постапка.
„Оваа пресуда е доказ дека јавноста има право да знае за работата на функционерите, на транспарентен начин и без искривување на фактите и вистината, што не треба да се поистоветува со клевета и лажни вести“, порачаа од СДСМ.