Алиоски одбива да биде тастер: УЕФА има снимки, нека ги прегледа па нека одлучи што рекол Арнаутовиќ

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски потврди дека со австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ имале расправии и препирки во текот на деби настапот на Македонија на ЕП, но вели дека тоа е нормално на секој меч.

Според Алиоски, најважно е дека разговарале по мечот, па и се поздравиле (како што претходно тврдеше и Арнаутовиќ).

Во поглед на жалбата што ФФМ ја испрати до УЕФА, во која бара најстрога санкција за националистичките испади на Арнаутовиќ, Алиоски, се чини, не сака да открие што му рекол фудбалерот на Австрија.

„Јас не сакам да шпекулирам што мене ми се слушна. Подобро е УЕФА да види сѐ. Тие ги имаат снимките, може да ги видат, па нека анализираат. Јас не можам точно да кажам што чув, зашто беше тешко да разберам. Но, на секој меч има вакви ситуации и во жарот на играта е сето тоа. Но, ако се испостави дека има основа за дисциплинска постапка, нека решава УЕФА“, рече Алиоски.

- Реклама -