Богоевски: Не може да се уставобранители оние што се обидоа да убијат пратеници

„Не може да се нарекуваат уставобранители тие што насилно влегоа во Собранието и се обидоа да ги тепаат или да ги убијат оние кои што самите граѓани ги одбрале да го спроведуваат тој Устав“, истакна поранешниот пратеник на СДСМ – Павле Богоевски, во гостувањето на „Стадион“ на Радио „Канал 77“.

При разговор со Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Богоевски потсети дека организаторот одговара за секоја последица на протестот, доколку не ги преземе потребните мерки.

„Дури и вие да не сте го предводеле или иницирале влезот во Собранието, што направивте за да го спречите? Ја ангажиравте редарската служба, која мора да ја имате согласно закон? Откако се појавија првите знаци дека луѓе сакаат да влезат во Собранието, што направивте вие? Вода им носевте. Ништо не направивте. Ги спроведувавте инструкциите на вашиот шеф, сега веќе храбриот бегалец Никола Греувски“, рече Богоевски.

Според него, Илиевски точно знаел што прави на протестите и која била неговата одговорност како организатор на истите.

„Фактот што сѐ уште се расправаме за тоа што се случило на 27 април нѐ спречува да го апсолвираме тоа, да го ставиме зад нас и да се осигураме дека нема да се случи повеќе“, заклучи Богоевски.

- Реклама -