Пендаровски го честита Рамазан Бајрам: Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани

„Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или каква било припадност, градејќи праведно општество и просперитетна држава“, порача претседателот на државата Стево Пендаровски, на Фејсбук, во честитката за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

„Збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан Бајрам се надевам дека и понатаму ќе останеме одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со пандемијата на Ковид19“, додава Пендаровски.

- Реклама -