Вело Марковски ја препеа „Налеј, налеј“ за поддршка на осудените за 27 април (ВИДЕО)

Инфектологот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – д-р Вело Марковски, ја препеал песната „Налеј, налеј“ и им ја посветил на „уставобранителите“, односно осудените за упадот во Собранието на 27 април.

Иако според резултатите на Гугл се чини дека овој нов талент на Марковски десетина дена летал под радарот на голем дел од јавноста (како и нашиот), дел од медиумите, споделувајќи го видеото во пресрет на утрешната средба на Мицкоски и Пендаровски на која тема ќе бидат токму пресудите за 28 април, помогнаа таа грешка да биде исправена.

„Поддршка за уставобранителите и сите неправедно затворани со мојата прва испеана песна“, пишува инфектологот на Фејсбук, за песната. „Вело Марковски, Живот и Слобода за Македонија“, стои во описот на видеото качено на YouTube.

- Реклама -