Денеска во земјава пристигнуваат 2.000 кинески вакцини

2.000 кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава како донација од Обединетите Арапски Емирати, на иницијатива на нашиот амбасадор во Абу Даби, соопшти министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“.

Како што рече министерот, вакцините ќе пристигнат во Софија, каде веќе ги чека возило на софискиот аеродром. Во текот на денот се очекува да пристигнат во Македонија.

Со овие вакцини ќе се вакцинираат граѓаните од повозрасните групи, рече Филипче. Досега се вакцинирани околу 25.000 граѓани.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -