Пандов револтиран поради списокот на Каракачанов: „Mочкo еден смpден“

„Мочко еден смрден. Сите ли вака ко тебе лажат таму во Бугарија или ова ти е нарачка од твоите коалициони партнери Заев и Шеќеринска тука од Македонија?“, пишува на Фејсбук Александар Пандов од  ВМРО-ДПМНЕ, видно револтиран од листата на имиња на Македонци со бугарски државјанства што ја објави Каракачанов, меѓу кои се најде и „Александар Пандов“.

Претседателот на таканаречениот Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и остро демантира дека има бугарски пасош/државјанство.

„Јас се колнам во крвта моја македонска дека немам никаква друга патна исправа освен македонска!!! Ти, свињо татарска, во што ќе се заколниш дека ова што го пишуваш не е лага?“, пишува Пандов, попат испраќајќи пораки како „Гоце е Македонец“, „Македонија на Македонците“, „Бугарија на Татарите“.

За разлика од Пандов, се огласи и Антонио Милошоски, но со многу поладнокрвен тон.

„Краток коментар за објавата од пријателот на Заев:
‘Фантом фирма, Фантом ваксајнс, Фантом пасоши’“, напиша Милошоски.

- Реклама -