Барањата на УНЕСКО се неприфатливи, можеле да доведат до граѓанска непослушност – вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Барањата на УНЕСКО, кои се основани на строго дефинираните правила со цел заштита на светското културно и природно наследство, се неприфатливи за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

 

Според него, барањето на УНЕСКО за  забрана за градба и рушењето на сè што е бесправно изградено во заштитените зони, ќе нанесе огромна финансиска штета на општинскиот буџет, ќе им го ускрати законското право на граѓаните да си ги легализираат дивоградбите, но и се коси со веќе донесените урбанистички планови на Општината.

Тоа, предупредува Мерко, може да доведе до подем на дивите градби, но и до протести и непослушност од страна на граѓаните, бидејќи доколку ги прифати барањата на УНЕСКО, општината нема да може да им излезе во пресрет за „она што им следува“. Целосното образложение на Мерко прочитајте го на „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

 

- Реклама -