Богојески до Захариева: Само ум помрачен од омраза може да смисли депортации во 21 век

Само ум помрачен од омраза може да смисли депортации во 21 век – ѝ порача Петар Богојески, лидерот на „Македонски концепт“, на Министерката за надворешни работи на Бугарија – Екатерина Захариева, во изјава за „Фокус“, откако таа во едно ТВ интервју го обвини дека предложил депортација на македонските Бугари од земјава – во Бугарија.

Како што појаснува „Фокус“, Захариева всушност погрешно го претставила делот (точка 7 од членот „Добрососедство“) од „Конечното решение“ што го предложи Македонски концепт, а според кој Македонија би се обврзала да спроведе репатријација на граѓаните кои се изјаснуваат како македонски Бугари. Богојески дообјаснува дека предложениот член зборува за реинтегрирање на македонските Бугари кои биле шиканирани од стариот комунистички режим на Југославија, а не за некаква депортација.

„Жалам што госпоѓата Захариева се наоѓа во состојба на тешко психичко пореметување. Само таков помрачен од омраза мозок може да смисли ‘депортации во 21ви век’!!! Тоа очигледно ѝ е во наследство од депортациите организирани од нејзините предци, на македонските Евреи. Јас немам таков помрачен ум, не можам да осмислам такво нешто!“, порачува Богојески за „Фокус“, додавајќи дека Захариева „треба да се опушти и да намали со омразата кон Македонците“.

Изјавата Богојески ја сподели и на Фејсбук, но притоа додаде:

„Захариева е де-мо-де! Полека поминува времето на помрачените болшевици, а доаѓа времето на Европа! Ќе ѝ помогнеме на Бугарија да се ослободи од болшевизмот!“.

Во поглед на односите меѓу двете земји, Богојески смета дека овојпат на Бугарија ѝ е потребна помош… Прочитајте повеќе на линкот во продолжение:

- Реклама -