Годинава во ЕУ починале 168 илјади повеќе луѓе отколку просекот во последните четири години

Меѓу март и јуни годинава, во Европската унија се регистрирани 168 илјади повеќе смртни случаи во споредба со просекот за истиот дел од годината во периодот од 2016 до 2019 година, соопшти Европската агенција за статистика – Eurostat.

Како што пренесуваат новинските агенции, податоците се однесуваат на 26 земји членки на ЕУ, а ги вклучуваат сите смртни случаи, без оглед на причините што ги предизвикале. Сепак, како што нагласуваат од Евростат, овие фигури можат да се корисни за проценка на директните и индиректните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз европското население.

Најмногу „дополнителни“ смртни случаи – 36 илјади, споредено со четиригодишниот просек од 2016 до 2019 година, имало во текот на седмицата меѓу март и април.

Меѓу ЕУ членките за кои се достапни податоци, најголем број дополнителни смртни случаи во 2020 година имало во Шпанија (48 илјади), потоа во Италија (46 илјади), Франција (30 илјади), Германија и Холандија (по 10 илјади дополнителни). Преостанатите 21 држави членки заедно имале 25 повеќе починати отколку просекот во претходните четири години.

- Реклама -