Избеганиот пациент од „8 Септември“ бил „хоспитализиран“ зашто бил бездомник, за да не шири зараза

Како што информира доктор Ирина Бухова – директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утрово по допрен глас извршил вонреден инспекциски надзор во болницата, пациентот кој вчера избегал од Градската општа болница „8 Септември“ бил бездомник, кој бил примен на 1 октомври.

За „Фокус“ таа изјави дека лицето било примено со стабилна здравствена состојба, но згрижено бидејќи нема постојано живеалиште, за да не шири зараза. Пациентот бил тестиран на 3 октомври и резултатот бил негативен, но друг тест два дена подоцна покажал дека тој е заразен со Ковид-19.

Како што соопшти Бухова, пациентот синоќа преку пожарникарните скали избегал од болницата. Веднаш била алармирана болницата, која го лоцира и го враќа назад во „8 септември“.

- Реклама -