Охридскиот суд се согласил браќата Усеини да бидат пуштени од притвор, се чека Апелација

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат за замена на мерката притвор со мерка домашен притвор или поблага, пренесува „Сител“.

Сепак, последниот збор ќе го има битолска Апелација, откако обвинителството поднело жалби на одлуката на охридскиот суд. Дотогаш Усеини остануваат во притвор во затворот во Охрид.

Како што претходно објавија медиумите, браќата Усеини понудиле гаранција од вкупно 20.000 евра. Според „Сител“, прифатената гаранција е во висина од 30.000 евра.

Нефи Усеини и неговиот брат побараа укинување на мерката притвор ден откако сами се пријавија во затворот во Охрид, по 6 дена бегство од полицијата, откако судот им одреди 8-дневен притвор по сите три основи.

 

- Реклама -