Грчка телевизија му се одмaздува на Ердоган за Света Софија: Ги укина турските серии

Непроспани ноќи го чекаат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган откако грчка телевизија на свој начин реши да му наплати за менување на статусот на Света Софија од музеј во џамија.

Имено, грчката телевизија ANT1, на која во изминативе години биле емитувани 18 турски серии, реши да прекине да ги емитува. Според Јоргос Пофанитис – главниот уредник на телевизијата, планирано било ANT1 да продолжи со емитување на турски серии по летната пауза, но поради случувањата околу Аја Софија, била донесена одлука истите да се забранат.

 

- Реклама -