Героски: На здравје бричење и кратко потстрижуење!

Колумна на Бранко Героски, за „Плусинфо“

Tриумфот на ДУИ и на албанскиот политички блок, првата победа на СДСМ на парламентарни избори после цели 18 години, првиот пораз на ВМРО-ДПМНЕ после 14 години и подемот на партијата Левица се клучните резултати на годинешните парламентарни избори, одржани во сложени, пандемиски услови.

Четата на Али Ахмети триумфираше на овие избори, освојувајќи 15 пратенички мандати. Тоа е еден мандат помалку за ДУИ од освоените на изборите во 2002 година (кога коалицијата предводена од СДСМ, пак, освои 60 пратенички места). Но, резултатот на Ахмети сега е поспектакуларен, бидејќи е постигнат во услови на силна конкуренција во албанскиот политички блок и без имиџот на ДУИ како воена формација „пресоблечена“ во цивилна партија, која теренот го контролира со калашникови.

Општо земено, клучниот исход на овие избори, тој што ќе остане запишан во нашата политичка историја, е дека на овие избори политичките партии на Албанците освоија дури 32 места во парламентот – ДУИ предничи со 15, Алијансата на Албанците и Алтернатива освоија 12 мандати, ДПА на Менедух Тачи успеа да ќари 1 мандат, додека Беса во коалицијата „Можеме“ доби 4 пратенички места. За споредба, да потсетиме дека на парламентарните избори во 2016 година, вкупниот скор на албанските партии беше 20 пратенички мандати.

Како се случи албанскиот политички блок сега да биде побогат за 12 пратенички места? Одговорот на ова прашање треба да се бара во отпорот на избирачите Македонци да гласаат за коалицијата на СДСМ со Беса (една потемелна анализа веројатно ќе ја потврди тезата дека „виновници“ за ниската излезност во изборната единица 6 се Македонците, а не Албанците), но и во многу повисокиот степен на ефектуирање на гласовите на избирачите Албанци во освоени мандати… Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -