Утврдени пропусти во 40 угостителски објекти, Шведска ги „стега“ мерките

Во Шведска денеска стапија на сила построги правила за почитување на мерките на социјално дистанцирање во угостителските објекти.

Минималното растојание од 1 метар меѓу масите, кое претходно важеше „само“ како препорака за баровите, кафулињата и рестораните, од денес ќе стане правило, а локалните власти ќе имаат право да ги затворат објектите во кои мерките не се почитуваат.

Досега, шведскиот Институт за јавно здравје само апелираше до угостителите да поттикнуваат почитување на мерките за физичка дистанца, но локалните власти немаа право да ги затворат објектите.

При извршениот увид на терен, утврдено е дека дел од угостителските објекти ги почитувале препораките за најмалку 2 метра дистанца, додека други се оценети дека „не се труделе доволно“ да обезбедат безбедно растојание. При проверката во поголемите градови, инспекторите утврдиле пропусти во околу 40 објекти и побарале нивно привремено затворање.

- Реклама -