Кривична пријава и државен карантин на негов трошок за синот на починатата што се заканувал на докторка во „8 Септември“

Лицето кое учествуваше во вчерашниот инцидент во болницата „8 Септември“, син на починатата пациентка од Ковид-19, кој беше приведен по специјален протокол бидејќи и самиот е позитивен на Ковид-19, е спроведен во државен карантин на сопствен трошок и против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО по член 206 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, по излегување на лице место од страна на полициски службеници, на паркингот пред ГОБ „8 Септември“ биле затекнати повеќе лица, меѓу кои и синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото.

При проверка во евиденција за лица со решенија за изолација, констатирано е дека Б.С (29) не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид- 19, по што бил приведен по специјален протокол. Од МВР информираат дека Единицата за внатрешни работи Аеродром и полициската станица Драчево изготвиле решение за државен карантин и строга изолација и лицето од полициска станица е пренесено во државен карантин на сопствен трошок.

Извор: Слободен печат

 

- Реклама -