Home 365 Денес Влада: Во моментов нема потреба од нова вонредна состојба

Влада: Во моментов нема потреба од нова вонредна состојба

0
Влада: Во моментов нема потреба од нова вонредна состојба

Вонредната состојба истекува во сабота (14 јуни), а во моментов нема потреба од прогласување нова, велат од Влада за „Фокус“, и покрај рекордните бројки на новозаразени од Ковид-19 изминатите денови.

„Владата за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна“, велат од Влада.

Доколку нема нова вонредна состојба, согласно инсистирањето на власта дека преостануваат 22 дена од Уставниот рок од 60 дена за одржување на избори и дека истите продолжуваат да течат од моментот на укинување, изборниот датум останува 5 јули.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here