Home 365 Денес Со 568% повеќе починати отколку во 2015-2019та, 57% од жителите на Бергамо имаат антитела на Ковид-19

Со 568% повеќе починати отколку во 2015-2019та, 57% од жителите на Бергамо имаат антитела на Ковид-19

0
Со 568% повеќе починати отколку во 2015-2019та, 57% од жителите на Бергамо имаат антитела на Ковид-19

Повеќе од половина од тестираните жители во северната италијанска покраина Бергамо имаат антитела на Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Од 9.965 жители кои биле тестирани помеѓу 23 април и 3 јуни, 57 отсто развиле антитела, што значи дека биле во контакт со коронавирусот, покажува студијата објавена во понеделникот.

Здравствените власти во Бергамо уверуваат дека резултатите се темелат на „случаен“ примерок што е „доволно обемен“ и е сигурен показател за тоа колку од луѓето во покраината, која беше жариште на епидемијата во Италија, биле заразени со коронавирусот. Во посебна изјава, објавена пдооцна, властите посочија дека најголемиот дел од тестираните жители се од најлошо погодените подрачја.

Антитела се откриени кај нешто повеќе од 30% од вкупно 10.404 здравствени работници, иако се смета дека тие имаат поголем ризик од зараза од останатото население.

Во извештајот објавен ан во почетокот на мај, Националниот институт за статистика (ISTAT) соопшти дека бројот на починати во градот Бергамо бил за 568 проценти пoвисок во март годинава споредено со просекот во периодот од 2015 до 2019 година.

За потсетување, болниците во Бергамо беа преплавени со заразени, а мртовечниците беа целосно задушени од приливот на починати, што градот мораше со конвои воени камиони да ги изнесува телата – слики што ќе останат како еден од најморничавите потсетници за глобалната пандемија.

Согласно официјалните податоци од понеделникот, во Бергамо се регистрирани 13.609 случаи на коронавирусот. Во Италија, од последици од коронавирусот, починаа речиси 34 илјади луѓе, а потврдени се околу 235 илјади заразени. Во регионот Ломбардија, кој ја вклучува Бергамо, регистрирани се повеќе од 16 илјади починати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here