Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата да го врати во сила полицискиот час во критичните места, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“. За разлика од претходно кога мерката беше во сила, овојпат Комисијата предлага рестрикцијата на движењето да трае пократко, односно да почнува од 22 часот.
Според информациите на порталот, целта на ваквата мерка ќе биде да се ограничи движењето на младите, бидејќи неконтролирано се собирале по паркови, на Водно и слично, но и затоа што сендвичарите, пицериите и пекарите работеле и по 22 часот, по цела ноќ.
За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции, велат информациите на СДК.
Фото: МВР