Се разгледува опција за 24-часовен полициски час за Бајрам

Следниот викенд, на 24 мај (недела), граѓаните од исламска вероисповед го славата празникот Бајрам. Истовремено, 24 Мај е и Денот на сесловенските просветители – светите солунски браќа Кирил и Методиј. Од овие причини, а поради коронавирусот, владата размислува да воведе 24-часовен полициски час за време празникот.

Оваа опција ќе се разгледува и за неа сериозно ќе се разговара на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, најави премиерот Оливер Спасовски, пренесува „Алсат“.

„Секако дека фактот што имаме двоен празник заслужува внимание и за темата да се разговара на главниот Кризен штаб и на седница на Влада“, рече Спасовски.

Тој уверува дека одлуката, сепак, ќе биде донесена врз основа на стручното мислење на експертите.

„Какви мислења ќе бидат донесени, такви ќе ги разгледуваме и ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста“, рече премиерот.

- Реклама -