Резултатите од масовниот скрининг во Чешка не се охрабрувачки: Имунитетот се создава многу бавно

Имунитетот кон коронавирусот се создава многу бавно, барем во Чешка, покажува масовното тестирање за антитела кое започна минатиот месец. Според чешкото министерството за здравство, резултатите покажуваат дека не повеќе од 4 до 5% од вкупната популација има (некаков) имунитет.

Ваквата бројка е нешто повисока од европскиот просек кој, според 16 студии кои се во тек или завршени, изнесува од 0.2% до 3%, велат од министерството. Во тие студии, процентот на луѓе кои се заpaзени а не пројавиле cимптоми се движи од 20 до 50%.

Според прелиминарните резултати од чешката студија, нивото на имунитет се проценува дека е пониско во двата најголеми градови – Прага и Брно.

Од вкупно 26.549 луѓе тестирани за антитела – бројка што оваа ја прави една од најобемните студии во Европа, пронајдени се 107 позитивни случаи на Ковид-19. Според резултатите, се проценува дека бројот на заpaзени од вирусот, а кои не покажуваат cимптоми, се движи од 27 до 38%.

Чешка, со популација од 10.7 жители, беше една од првите во Европа што воведе рестрикции на патувањата и ги затвори границите и повеќето продавници и ресторани. Земјата во моментов е во фаза на етапно реотворање, а резултатите од скринингот, рече министерот за здравство Адам Војтех, нема да ги промени таквите планови.

 

 

„Не значи дека треба да престанеме со олеснување на општите мерки, бидејќи епидемиолошката ситуација се развива добро. Во моментов постојат само неколку локални жаришта“, рече тој.

Досега Чешка има забележано 7.899 случаи на коpoнавирус, многу помалку отколку нејзините западни соседи. Повеќе од половина се оздравени, а 258 пoчинаа. Бројот на активни случаи стабилно опаѓа – заклучно среда, активни се 3.624 случаи. Дневниот биланс на новозаразени е константно под 100 уште од 22 април (со исклучок на еден ден кога ја надмина оваа бројка).

Извор: Ројтерс

- Реклама -