Кризниот штаб дискутирал за скратување на полицискиот час

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутирал за скратување на времетрањето на полицискиот час, соопшти вицепремиерот за европски прашања – Бујар Османи, на Фејсбук.

Како што информираше тој, се разгледувала варијантата полицискиот час да трае од 19:00 до 05:00 часот, наместо како во моментов – од 16:00 до 05:00 часот.

За потсетување, првично воведениот полициски час се однесуваше на периодот од 21:00 до 06:00 часот.

Изминативе денови, пак, премиерот Оливер Спасовски најави дека намалувањето на мерките ќе започне, постепено, по првомајските празници.

 

- Реклама -