„А1“ демантира дека викендов во Боговиње, за време на полицискиот час, се инсталирало 5Г

Операторот „А1“ демантира дека во Боговиње викендов се монтирала 5Г антена за време на полицискиот час, најдолг досега во државата. Ваквиот демант следува по барање на градоначалникот на општината Албон Џемаили, откако на социјалните мрежи се споделуваше видео на кое се гледа како работници работат на еден предавател, придружено со теopии на загoвoр и лажни вecти кои внесуваат непотребна пaникa и забуна кај населението.

Од „А1“ објаснуваат дека посочената интервенција била во насока на обезбедување сигурна и стабилна мрежа и континуитет во клучните телекомуникациски услуги.

„Во оваа вонредна состојба бележиме зголемен обем на говорен сообраќај како и зголемен интернет сообраќај кој е видливо повисок од вообичаено, што е резултат на прилагодувањето на компаниите на новонастанатата состојба со работа од дома и на останувањето на нашите корисници дома согласно мерките за заштита од коронавирусот.

Нашите технички експерти постојано ги надгледуваат мрежните капацитети и постојано реагираат со соодветни технички мерки за обезбедување на интегритетот на мрежата во случај на екстремно висок сообраќај или други технички потешкотии што значи постојано надградување и унапредување на постојната мрежа со цел непречено испорачување на услугите кои ги користите.

Од оваа причина, во изминатите денови на базната станица во општина Боговиње се преземени одредени активности заради непречено функционирање на услугите за корисниците на А1 Македонија во оваа област, со употреба на постоечките технологии кои се користат и до сега.

Активностите на оваа базна станица не се поврзани со воведување или активирање на 5G мрежа, бидејќи фреквенциите за комерцијално користење на 5G услуги сеуште не се доделени од страна на Агенцијата за електронски комуникации“, се вели во соопштението, односно одговорот од „А1“ до градоначалникот на Боговиње.

- Реклама -