„Тесла“ и Илон Маск ќе испраќаат бесплатни респиратори ширум светот, целосно бесплатно

Компанијата „Тесла“ располага со вишок респиратори, за кои доби и одобрување од американската Агенција за храна и лекови (FDA) и кои ќе ги доставува во земји кои имаат потреба ширум светот, најави извршниот директор на компанијата Илон Маск.

На Твитер, Маск потенцира дека респираторите ќе бидат поделени целосно бесплатно, вклучително и со бесплатна испорака.

Постои само еден услов, а тоа ќе биде респираторите да бидат употребени веднаш, а не да се складираат во магацините.

* Ps. Респираторите (уреди за механичка вентилација на белите дробови) во САД се нарекуваат вентилатори, а под респиратор се подразбира маска со филтер, како што се N95 маските.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп
- Реклама -