Спасовски до граѓаните на Дебар и Центар Жупа: Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое ќе даде најбрзо резултати

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во Владата одржа прес-конференција, каде информираше за моменталната сојстојба со коронавирусот, како и за прогласената кризна состојба во Дебар и Центар Жупа.

-„Министерството за внатрешни работи и министерството за здравство ќе ја спроведуваат забраната за излез од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба, со возило на брза помош и со потврда од овластено лице од министерството за здравство. МВР, Армијата и министерството за здравство се задолжени да го озбезбедат утврдениот режим на обезбедување и контрола на кризното подрачје, како и засиленото обезбедување на државната граница во реонот на Дебар,“рече Спасовски.

МВР се грижи за контролата и регулирањето на сообраќајот, рече Спасовски.

-„МВР, Ценатрот за управување со кризи и локалната самоуправа имаат задолжение да озбезбедат услови за континуиран транспорт на намирници потребни за населението од кризното подрачје,“рече Спасовски.

Тој посочи дека кризната ситуација во општината Дебар и Центар Жупа е најдобро решение во моментов, со цел справување и превенција од ширење на коронавирусот. Тој се обрати до жителите на двете општини, кои ги замоли да не паничат.

-„Во оваа прилика посебно им се обраќам на граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултати. Ве замолувам да нема поголема паника. Воспоставен е организиран и институционален систем, ќе ги покрие сите аспекти за грижа за граѓаните во овие подрачја. Ќе ги обезбедиме сите услови за да ги добиете најдобрите здравствени мерки. Во Дебар, Центар Жупа и сите населени места ќе има услови за функционирање на производството на храна, аптеките, болниците, а пак, банките, комуналните служби и поштата ќе работат по скратено работно време“, рече Спасовски.

Извор А1.он

- Реклама -