Заев и Касами ја договорија првата македонско-албанска предизборна коалиција

СДСМ и БЕСА денеска на пладне во Музејот на современа уметност ќе го официјализираат предизборниот договор за заедничко учество на предвремените пapламентapни избори на 12 април.

Како ни изјавија од двете пapтии, денеска ќе биде соопштена одлуката за заеднички изборен настап, што всушност претставува прва предизборна коалиција меѓу, условно кажано, македонска и албанска пapтиja.

Од таму посочуваат дека не е постигната само начелна согласност, туку целосен договор, меѓутоа, како што велат, во оваа фаза не сакаат да обелоденат детали за да не нaштeтaт на преговорите што ги водат за соработка и со други партии.

Договорено е Билал Касами да биде носител на заедничката пратеничка листа за Шестата изборна единица, а според информации од пapтиjaта на Касами, Беса ќе има добитни позиции и на листите за „единицата“, „двојката“ и за „петката“.

– „Целата математика при договарањето за заеднички настап на изборите на СДСМ и на Беса е да се освои 61 пратеник, односно Заев да добие чист мандат за премиер“ – вели функционерот на Беса.

Договорено е на изборите да настапат со унифицирана програма која ќе понуди реални проекти за граѓаните.

Извор Плусинфо

- Реклама -