Не се само пасошите недостасуваат и сooбраќajни дозволи

Веќе е познато дека големиот недостиг со пасошите доведе до тоа да се стопира аплицирањето за нив, а никој веќе не одговара на телефонските повици доколку сакате да закажете термин. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера изјави дека се останати само уште 3.600 обрасци за патни исправи. Околу 650 граѓани кои од претходно поднеле барање за вадење пасош по итна постапка ќе ги добијат, но 16.500 граѓани ќе мора да ја чекаат испораката бидејќи поднеле барање по редовна постапка.

Предност и приоритет ќе имаат само оние каде што е неопходно издавање на патна исправа за здpaвcтвeни случаи, односно од медицински причини. Јавното обвинителство отворило истрага и веќе собирале релевантни докази за евентуални злoyпотpeби во МВР.

Но, проблем не се само пасошите, како што дознава Фактор, во земјава недостигаат и обрасци за сooбраќajни дозволи. Граѓани кои имале проблем со обезбедување на овие документи, велат дека е многу тешко да се дојде до сooбраќajна дозвола.

Од Министерствоти за внатрешни работи го признаваат проблемот.

За Фактор извори од Министерството велат дека е точно оти има недостиг, но тврдат дека во случајот со сooбpaќajните дозволи не станува збор за голем проблем како кај пасошите, туку за повремени „гепови“ кои траат по еден до два дена, кои потоа брзо се надополнуваат. Најизразен е проблемот на подрачјето на СВР Скопје.

-„Конкретно овие денови има недостиг, но од компанијата која ги изработува cooбраќajните дозволи ни рекоа дека утре или најдоцна до задутре би требало да пристигнат околу 5.000 обрасци, со што ќе се надмине тековниот недостиг“, објаснуваат извори од СВР Скопје.

Од таму нагласуваат дека пред околу месец и половина проблемот со недостигот од сooбраќajни дозволи бил уште повеќе изразен. Но, оттогаш наваму, како што велат од МВР, недостатокот се надминува на тој начин што компанијата која за нив ги изработува дозволите, односно „Бато Дивајн“, почнала сукцесивно да го снабдува министерството со по 10.000 до 15.000 сообраќајни дозволи секоја недела.

Инаку, сooбраќajните дозволи траат и до осум години, но кога се менува сопственост на возило, односно кога се купува нов или употребуван автомобил, задолжително мора да се промени и сooбраќajната дозвола. Всушност, најмногу им требаат сooбраќajните дозволи на оние кои препродаваат возила.

Всушност, изворите од МВР објаснуваат дека до оваа „зголемена побарувачка“ за сooбраќajни дозволи дошло, меѓу другото и поради зачестените контроли кои ги прават токму од СВР Скопје, а во кои се бара покажување на овој документ.

-„Ова особено се случува кај возилата со затемнети стакла. Полицијата нив ги запира и овие возила задолжително ги праќа на атест, затоа што во сообраќајната дозвола треба да стои дека возилото е атестирано. Тоа значи дека треба да се извади нова сooбраќajна дозвола и токму овие возила дополнително ја зголемуваат потребата од нив “, велат од МВР.

Извор Фактор

- Реклама -