Филипче: Целосно сме подготвени да се справиме со коронавирусот

Вчера, во канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО), Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: “УНДП”, “УНФПА” и “УНИЦЕФ” кои имаат директна поврзаност со системот на здравство.

Во врска со корона вирусот Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

– „Целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји. Постапуваме согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со коронавирусот,“ посочува тој.

–„Имаме организиран систем со кој авио-компаниите ни укажат на тоа доколку некоја група патници доаѓа од Кина. Кај нас, ниту пак во регионот нема сомнителни ниту позитивни на корона вирус. Целиот систем е спремен, како превентивниот систем така и системот на препознавање и системот на транспорт. Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти,“ истакнува Филипче.

Исто така тој истакнува дека инфективните одделенија се подготвени и дека во моментот има сосема доволно опрема, а и дека се во фаза за набавка на дополнителна медицинска опрема.

-„Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти.“ – истакнува Филипче.

Извор А1.он

- Реклама -