Мизрахи: Ќе платам 5.000 евра кaзнa, но таблата со „Република Македонија“ не ја менувам

Техничката министерката за труд и социјална политика – Рашела Мизрахи, одржа уште една прес-конференција пред таблата на која во државното име ја нема придавката „Северна“.

Прашана за тоа, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со „Република Македонија“ дури ни по цена ако треба да плати кaзнa од 5.000 евра.

„Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече Мизрахи.

Извор: Локално

 

- Реклама -