По две недели пронајден првиот крст фрлен на Водици во Пробиштип

Точно после две недели пронајден крстот кој што беше фрлен на Водици во Пробиштип. Попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базенот, затоа што првиот исчезна откако беше фрлен.  Вториот крст беше фрлен по 40 минути откако учесниците не можеа да го пронајдат првиот метален крст.

На Фејсбук страната на Аквапаркот во Пробиштип денес е објавена слика каде што се гледа дека крстот по две недели е пронајден. Под сликата пишува: „ Еве го кој вика дека го нема…“

- Реклама -