Цуцуловски: Македонија ита кон вечниот идеал на секоја власт, но и на секое население

Фејсбук статус на проф. Љубомир Цуцуловски

ИДЕАЛНА СИТУАЦИЈА. Во Македонија се случува редок историски процес. Бројот на владетелите (на централно и локално ниво) се зголемува, додека бројот на населението рапидно се намелува, бидејќи се иселува. Крајниот резултат би можел да биде: да има владетели, без да има со кого да владеат. На тој начин, би се остварил вечниот идеал на секоја власт, но и на секое население – на валедетелите не би имало кој да им смета во владеењето, бидејќи населението би го немало, додека населението не би било владеено, бидејќи би го немало.

- Реклама -