30 прашања со студент од „Кузман“: Кога би бирал, би се родил во Шведска (ВИДЕО)

Инспирирани од серијалот на СДСМ во кој досега Царовска, Спасовски, Шекеринска и Костадинов одговараа на разни прашања на потпретседателот на пapтијата и ПР експерт – Коста Петров, студентите снимија своја пародија на „30 прашања со…“.

Видеото е објавено на Фејсбук профилот на „Радио МОФ“, а во него студент од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ одговара на разни прашања поврзани со условите и студентскиот живот во домот. На пример, вели, кога неговиот студентски живот би бил филм, би се викал „Caмоyништyвање“. Кога би можел да бира каде да се роди, прв избор би му бил Шведска. Македонија би му бил дури петти избор. Прашан со три збора да ги опише условите во „Кузман“, вели дека тоа мора да се доживее. А впрочем тоа ќе го видите и од видеото.

„Секоја сличност со форматот на видеата на владините функционери е намерна (*намиг) “, додаваат од Радио МОФ.

- Реклама -