Масовното иселување – плански и добро организиран тренд во прилог на ултра-моќните?

Пишува Стефан Марковски за „Офф.нет“

Македонија е земја во која елитите, моќниците и бирократите да се трудеа, немаше да успеат да создадат поодвpaтна средина за младите“, го слушам гласното размислување на еден пријател седнат спроти мене пред некој ден и си мислам, што ако всушност, се трудат?

Што ако консеквентното масовно иселување не е друго освен плански и добро организиран тренд, кој пред сѐ оди во прилог на бизнис и другите интереси на ултра-моќните, како кај нас така и во европски рамки?

Масовното иселување на работоспособните млади луѓе и младата интелигенција не е ниту непознат, ниту нов, ниту ексклузивно македонски проблем; напротив, истиот е присутен повеќе децении во земјите во развој и според бројни анализи е токму една од главните причини за котинуирана економска, а со тоа и една сеопшта стагнација на овие општества.

Експлозијата на brain drain – brain gain доведува до загуба на вредни професионалци од сите области, клучни за функционирањето на еден систем и општество, почнувајќи од медицинските и останатите научно-технолошки институции, продолжувајќи со егзодус на младите бизнисмени и работодавци (покрај другото, директна загуба на даночните приходи), висококвалификувани работници, врвни уметници и културни работници и најважно, загуба на идеи кои би можеле да го спречат ова.

Масовното иселување доведува до губење на довербата во економијата, што практично го оневозможува економското закрепнување, правејќи ја земјата уште толку непривлечна за следните генерации, со тоа потенцијално создавајќи неконтролирана спирала која води до целосен институционално-општествен колапс.

Сето ова подразбира повторно исцртување на светската мапа на економски, научен, технолошки, културно-уметнички, спортски и секаков друг план, а ова низ историјата се илустрирало со бројни примери, од затворањето на Платоновата Академија под Јустинијан (крај на една од најзначајните академски институции во историјата на човештвото), преку пpoтерувањето на Језуитите во Ј. Америка (кое довело до драстично опаѓање на земјоделското производство), бегcтвото на Евpeите за време на фaшизмoт (кое придонело САД да заземат лидерска позиција на светската научно-технолошка и академска мапа) итн.

Но, освен сите овие негативни нуспродукти, заминувањето на човечиот капитал придонесува и за зацврстување на позицијата или дополнително вкоренување на некои структури во домицилните средини… Целиот текст тoплo препорачуваме да го прочитате ТУКА.

- Реклама -