Пендаровски: Грешевме што датумот за преговори го прикажавме како готова работа

Тврдењата дека на пролет државава ќе добие датум за почеток на преговори со Европската унија се само шпекулации, вели претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „200“ на „Алсат“. Реалната ситуација е дека ќе биде релативно тешко работите да се подредат според од нас посакуваната динамика, рече тој, потенцирајќи дека сѐ уште не се знае дали новата методологија што ја предлага Франција ќе биде изгласана во јануари, ниту пак дали воопшто ќе биде изгласана.

Според првичните информации со кои располага Пендаровски и државниот врв, најмалку 11 земји членки имаат амандмани на предложената методологија, додека 9 земји членки се очекува да излезат со сосема нови предлози.

„Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата“, рече Пендаровски.

- Реклама -