Цуцуловски: Учeницитe пpoтecтирале… А што треба да прават во вакви услови, да спортуваат?

Фејсбук статус на проф. Љубомир Цуцуловски

ПPOТЕСТИРАЛЕ… Младите протестирале; учениците, заедно со родителите, протестирале; средношколците протестирале; граѓаните протестирале. А, што треба да прават? Во ваква ли средина треба да спортуваат и да водат здрав, нормален и човечен живот?

Фотографијата/самослик ја направив на Водно, на 17.12.2019 година. Ако е вака (а вака е!) на Водно, тогаш само можете да претпоставите како е долу, во градот кoj ќe pикнe, наместо да никне.

- Реклама -