Роналдо отсега ќе се презива Авеиро

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, од следната сезона ќе настапува под друго презиме, пренесуваат шпанските медиуми, а по информација сервирана од „Кралскиот клуб“.

Роналдо во иднина на својот дрес ќе го носи презимето Авеиро во спомен на својот татко, кој неодамна почина како последица на долготрајна зависност од алкохол.

Интересно е што ова ќе биде втора промена на дресот на Роналдо по неговото пристигнување во редовите на Реал Мадрид.

Првата сезона по неговото пристигнување го носеше дресот со број 9, но по заминување на Раул од клубот си ја зеде „седумката“ која ја носеше и во Манчестер Јунајтед.

- Реклама -