Во Сингапур отворени првите вертикални фарми

Идејата за одгледување растенија во вертикални фарми во големи урбани центри долго време е желба на многу луѓе.

А сега се чини дека идејата најпосле стана реалност – Сингапур, град-држава со ограничен простор ја отвори првата вертикална фарма – иновација која ќе го зголеми бројот на достапна свежа храна и ќе ја намали зависноста од увоз.

Секако, голем проблем за Сингапур (и другите големи градови) е недостапноста на обработлива земја. Со неговата локација на јужниот крај на Малајскиот Полуостров, Сингапур е островска земја која има површина од само 710 километри квадратни – и поголемиот дел од таа површина е урбанизирана. Денес само 7 проценти од зеленчуците конзумирани во Сингапур се произведени локално.

Сега оваа нова установа ќе ја промени целата ситуација. Проектот, развиен од Sky Greens Farms, се состои од 120 алуминиумски кули високи околу 10 метри. Вертикалните фарми можат да произведуваат половина тон зеленчуци дневно. Компанијата се надева дека ќе привлече инвеститори за да може да посвети уште 21 милион долари за надградување на фармите.

Идеално тие би сакале да имаат околу 300 кули – доволно за произведување 2 тони зеленчук дневно. Моментално фармите одгледуваат три типови на зеленчук кои се достапни само во локалните FairPrice Finest супермаркети, но за цена која е 10-20 центи пониска од зеленчуците од други извори.

Но според локалната телевизија Channel News Asia, муштериите се возбудени од новите производи и зеленчукот не останува долго на полиците. Од Sky Greens се надеваат дека цената ќе биде дополнително намалена со зголемувањето на прозиводството. [First commercial vertical farm opens in Singapore]

- Реклама -