Ултра смешен автогол на Грците (видео)

Јоргос Сејтаридис долго ќе го памети синоќешниот дуел меѓу Панатинаикос и Лацио, на којшто со автогол му овозможи на противникот да стигне до предност од 0:1.

Поранешниот грчки репрезентативец се посрамоти откако прими една топка од истрчаниот голман на својот тим, а потоа заборавајќи дека тој не е пред голот, ја упати кон празната мрежа. За среќа на Сејтаридис, неговиот тим во самиот финиш успеа да стигне до израмнување и да спаси барем еден бод на овој натпревар.

- Реклама -