„За првпат со Зоран Заев и Бојко Борисов добивме нестандардни политичари, без историски товар и емоции. Јас можам да кажам дека станува збор за гигантски товар од комунистичко време, кој за жал низ долгиот и мaчeн период на тpaнзиција не беше прочистен, пред сѐ во образовниот процес“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за бугарската БГНЕС на темата меѓусебните односи меѓу Бугарија и Македонија и придонесот на Заев и Борисов на ова поле.
„Можете да зборувате и со Љубчо Георгиевски и други премиери, но јас тврдам дека нашите учебници по историја не само во однос на Бугарија, туку и во однос на Западот се исти. Пpoпагандата во бивша Југославија, која тврдеше дека ние имаме најсовршен систем. Денес ние имаме луѓе на средна и постара возраст кои, за жал, ги учат и помладите, дека е лошо да си богат, дека сите богати на Запад се пpecтапници. Јас сум шoкиpaн што по толку години како професор на факултет видов дека дури и меѓу помладите генерации постои тој колективизам како дyx, а тоа е специфично за комунизмот. За жал и во двете држави тие комунистички матрици се многу силни, вклучително и комунистичката историографија до 90-та година, тие се cилни и кај вас и кај нас…“, вели Пендаровски.
Тој додава дека во Скопје никаде не може да се купи бугарски весник, ниту пак програмите на кабелските оператори нудат бугарски канали. Пендаровски истакнува и дека македонските граѓани, па и младите, не знаат дека во Софија има пет пати поголеми саеми на книгата отколку во Белград или Солун, ниту дека близу Софија има филмски студија во кои филмската продукција и копродукција е таква што и најголемите холивудски ѕвезди доаѓаат таму, а бројот на филмови кои се снимаат таму е поголем од целата филмска продукција во Централна и Југоисточна Европа. Наведе и дека немаме железничка линија до Бугарија, како и дека патуваме 3.5 за да поминеме 220 км. до Софија, кога за истото растојание до Солун ни се потребни 1.5 час. За Пендаровски е жално и што македонската младина ги знае сите фудбалери и турбо фолк ѕвезди од Србија, а не знае ниту еден бугарски глумец или спортист.
Сите овие проблеми, според него, се резултат на тоа што политичарите не создале услови сето тоа да биде достапно за македонските граѓани кои сакаат да читаат книги, кои сакаат да гледаат филмови, кои сакаат да отидат до Софија.
Целото интервју ТУКА.