ВМРО-ДПМЕ: СДСМ и Заев ветуваа инвестиции, испорачаа aфepи

„Ветуваа капитални инвестиции, покачувања на плати и пензии, младински гаранции, а од сето тоа испорачаа само aфepи како што се „Рекет“, „Кеш“, кpиминaлни тендери.“- обвинува опозицискаа ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-процент ќе им ги зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната плата и така секој пензионер во втората половина од 2019-тата загуби месечно по најмалку 700-тини денари.

‘Заев и СДСМ пред избори на младите им ветуваа младинска гаранција. Ветуваа и вистинско образование, реформирано образование, високо образование. На крај младите не добија ништо.

‘Земјоделците од ветените високи субвенции и загарантиран откуп за нивните производи, не добија ништо. Нивните производи секојдневно завршуваат на буниште поради незаинтерисираноста на оваа криминогена власт.

‘СДСМ и Заев ја враќаат Македонија во времето на транзиција, кога преку ноќ народот остануваше без работа.

Ветуваа рекордни странски инвестиции во Република Македонија, но според податоците од третиот квартал, последни сме во регионот и во Европа. Земјите од регионот се први по странски инвестиции бидејќи имаат систем кој што функционира, а не политичари кои што рекетираат.Знаат да донесат квалитетна странска инвестиција, а не да ги бркаат со уцени рекети и закани.Поради лошите политики на владата на Заев, Македонија нема да се помести ниту скалило од последното место“- пишува во соопштението.

- Реклама -