Заев: Левичарските политики се иднината на регионот и на Европа

На Конгресот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, која што е  сестринска партија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, придружуван од потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска и меѓународниот секретар, Дане Талески присуствуваа на конгресот. Заев  имаше обраќање каде што тој порача дека левичарските политики се политики на прогрес и просперитет на регионот и на цела Европа.

-„Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина. Левичарските политики ќе бидат иднината на регионот и на Европа“, оцени премиерот Заев.

Во своето обраќање тој пренесе поздрави и премиер, од мултиетничкиот народ во нашата држава и како претседател на СДСМ, од социјалдемократите во земјава.

-„Република Северна Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Џукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП“, кажа Заев.

Тој ја нагласи  борбата за социјалдемократските вредности дека тие продолжуваат, за поголема социјална помош, поголеми пензии, плати, минимална плата, подобар достоинствен живот за граѓаните.

-„Ќе повикам на нова преокупација во регионот што ја застапуваме и верувам ја поддржувате, да имаме 50 – 50 жени во политиката и на парламентарните избори и да дадеме шанси на младите луѓе“, рече Заев.

Повеќе на А1он.

- Реклама -