Шекеринска: Овој собраниски состав треба да го ратификува протоколот за НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека ова Собрание треба да го ратификува протоколот за НАТО, а не да се чека нов собраниски состав. Оваа изјава на министерката следи откако претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека не планира да го враќа расупштениот парламент, ако во меѓувреме Шпанија даде зелено светло.

Македонија ја дели една недела од НАТО самитот во Лондон, но се уште немаме амбасадор и воен претставник во Алијансата. Шекеринска рече листата со кандидатите за потенцијален воен претставник ќе му ја презентира на претседателот Стево Пендаровски.

И додека Македонија ја чека ратификацијата од Шпанија, министерката го претстави буџетот за следната година. Од предвидените 10 милијарди денари, најмогу пари ќе се издвојат за модернизација на армијата и човечки ресурси. Новите униформи кои доцнат, ќе биле готови следнот фебруари. За реконструкција на објектите на АРМ предвидени се 263 милиони денари.

Повеќе на СИТЕЛ.

- Реклама -