Home Свет Најмладата личност на Северниот Пол (видео)

Најмладата личност на Северниот Пол (видео)

0

ПолОсум годишната ќерка на тркач на долги патеки станала најмладата личност која го достигнала Северниот Пол. Џејми Донован отишла на Арктикот со нејзиниот татко Ричард кој учевствувал во поларниот маратон, толерирајќи температури од 26 степени под нула за да застане на мразот со своето мече во 5:30 на 8 април годинава.

Девојчето од Галавеј, Ирска, го подобрила рекордот поставен од Алисија, ќерката на британскиот авантурист Дејвид Хемплман-Адамс, за само еден ден. „Ми студеше и хеликоптерот беше бучен“ рекла Џејми по пристигнување на цврста подлога. „Ми се допадна Северниот Пол и сакам пак да отидам таму.“ Татко ѝ, кој оваа година веќе поставил нов рекрод за седум завршени маратони на седум континенти во помалку од пет дена, рекол дека неговата ќерка многу природно го прифатила ова искуство.

„Решив оваа година да ги донесам ќерка ми и жена ми Каролина бидејќи ова беше десетта годишнина на трката и време беше да видат за што се подготвував веќе цела деценија. Чиста случајност беше што таа беше најмладата личност таму. „Бев горд на нејзиното добро однесување и фактот што добро се справи со целото искуство на нејзина возраст и ја прифати авантурата.“ Според Гинисовите Светски Рекорди, Алисија Хемплман-Адамс, родена на 8 ноември 1989 стоела на географскиот Северен Пол на возраст од 8 години и 173 дена на 1 мај, 1998 година.

Според истата пресметка ќерката на господин Донован, родена на 17 октомври 2003 година го соборила рекордот за еден ден. Семејството Донован ќе мора да аплицираат за потврдување на подвигот во Гинисовите Светски Рекорди. Овој викенд на Северниот Пол се одржал поларниот маратон – натпреварувачите трчале десет круга околу патеката долга 4,22 километри обележана на мразот – при што биле заштитени од вооружена патрола бидејќи во околината биле забележани две бели мечки.

Маратонот започнал петокот во 21 часот со 41 учесник од 18 земји кои трчале на температура од 26 степени под нулата по мразот и снегот. Победник на трката, која се одржала за време на поларната „ноќ“ под сино небо, бил Ендру Мури од Шкотска кој завршил за четири часа, 17 минути и осум секунди. Демелза Фар од Австралија победила во женското натпреварување со време од шест часа и 36 минути. [Explorer Jaimie Donovan, 8, becomes the youngest person to reach the North Pole]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here