Француски професор со критики до Макрон: „Балканците не се глупави, знаат дека нивните земји не се добредојдени во ЕУ“

Професорот по политички науки на Католичкиот универзитет во Лил, Лоик Трегурес, кој остро ја критикуваше политиката на Макрон за замрзнувањето на приемите на нови членки сè додека ЕУ не се реформира од внатре, изјави:

„Луѓето на Балканот не се глупави, тие знаат дека нивните земји не се добредојдени во ЕУ и масовно си заминуваат, не како баратели на азил или илегални имигранти, туку како легални работници во Германија, Австрија и други земји од ЕУ“

Зад ваквата одлука на Макрон, стојат краткорочни опортунистички причини и важни долгорочни размислувања.

– „Со силно поттикнување на владата на Северна Македонија од старт и со отворање на пристапни преговори за членство, ќе беше возможно да се создаде круг во регионот и да се „убијат две муви со еден удар“. Со тоа би се потврдила желбата на Франција процесот за проширување да биде околу вредности и ставови. Со тоа би се испратило и силен сигнал до нелибералните режими во регионот и нивните луѓе за реалниот пат кон евроинтеграцијата. Франција на тој начин би се ставила во центарот на вниманието на позитивен начин и би добила политички кредити да бара и да добие повеќе – вели професорот Трегурес.

Како што вели Трегурес, Франција историски е наклонета против проширувањето. Тој објаснува дека причината лежи во тоа што слабее влијанието на Париз во важните одлуки за ЕУ.

Како што нагласува тој проширувањето на исток во 2004 година и понатаму е политичка траума, бидејќи многумина тврдат дека тоа било причина за пропаѓање на европскиот уставен референдум во 2005 год, како и дека поттикнало голема одбивност кон прошируванњето на ЕУ во француската јавност.

„Проширувањето од 2004 година го измести епицентарот на Европа, во очите на Париз, кон исток, на Германија. Поради тоа, Париз гледа на Берлин како на главен добитник во последните 15 години, бидејќи Германија во полна мерка ја искористила интеграцијата на поранешните комунистички соседи“ – објаснил професорот.

Повеќе на А1он.

- Реклама -