Во Скопје ќе се воведе електричен трамвај на гуми кој ќе чини 100 милиони евра, кажа денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.
“Со Град Скопје ќе влеземе во воведување електричен трамвај на гуми за што се потребни 100 милиони евра. Ќе подигнеме кредитна линија за да можеме да воведеме еколошки превоз како мерка против загадувањето“, рече Заев.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев го праша Заев дали и по три години власт сѐ уште мисли дека неговата партија е виновна за проблемот со загадувањето.
„Скопје деновиве е европски шампион во загадување. До која фаза ви е гасификацијата каде е новиот современ јавен превоз во Скопје, гасификацијата на болницата во Чаир и студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу, зошто субвенциите за инвертерите доцнат. Доста е веќе од вашите одговори кои почнуваат со ’ќе‘“, рече Данев.
На ова прашање Заев одговори дека за гасификацијата не било направено ништо од претходната власт. Тој нагласи дека и до сите општини има пратено налог да се направат проекти и модели според кој гасот ќе стигне до граѓаните.
Повеќе ТУКА.