Русија „ги кани“ Македонија и Албанија да се приклучат во Евроазиската унија

Земјите чии апликации за членство во Европската унија одновно и одново се одложуваат, можеби треба да се свртат кон Евроазиската економска унија (EAEU, односно ЕЕУ), сугерирал постојаниот претставник на Русија во Европската унија – Владимир Чижов, во завршниот говор на Евроазискиот економски форум во Верона во петокот, само неколку дена откако Македонија и Албанија добија студен туш на Самитот во Брисел, пренесува Независната балканска новинска агенција – ibna.

„Сигурен сум дека овие земји, чии барања за пристапување во ЕУ неодамна Брисел уште еднаш ги стави под мраз, ќе наидат на повеќе разбирање во Евроазиската економска унија“, рекол рускиот дипломат.

Тој додал и дека „разбирлива е љубoмopaта што ја предизвикуваат односите на ЕЕУ со трети земји, како на пример неодамна Сингапур и уште понеодамна со Србија, во ситуација кога едната интегративна група се шири, а другата губи членки.

Чижов додал и дека истовремено важно е да се оствари контакт меѓу Евроазиската економска комисија (ЕАЕК) и Европската комисија (ЕК), поради „идните трговски и економски односи“, вклучително и билатералните односи меѓу Русија и ЕУ.

- Реклама -