Македонија со убедливо најниска просечна плата во регионот

Последните официјални статистички податоци покажуваат дека Словенија и Хрватска имаат највисоки просечни плати, а додека Македонија, Босна и Херцеговина и Србија имаат најниски просечни плати во регионот.

На прво место е Словенија, а исто тка е единствената земја во регионот каде што порсечната плата изнесува 1.114 евра, зад неа се наоѓа Хрватска каде што просечните месечни примања се околу 900 евра.

Највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, покажуваат последните официјални статистички податоци.

Потоа следува Црна Гора каде што просечната заработувачка без данок изнесува околу 517 евра.

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Просечната плата во Босна и Херцеговина изнесува околу  925 конвертибилни марки (472 евра), во Србија во август оваа година таа изнесувала 54.115 динари или 460 евра.

Според Заводот за статистика во Македонија просечната плата во јуни изнесувала 25.127 денари, односно 409 евра, што е убедливо најниската месечна заработувачка во регионот.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -