Секуловска: „Ве молиме љубезно, не го критикувајте Тимоние“

Пишува Биљана Секуловска за „НОВА ТВ“

„Се разбира дека ќе го послушаме културниот апел на премиерот Заев- да не го критикуваме францускиот амбасадор во земјава, Тимоние, кој студено ни соопшти дека никој никогаш и не ни кажал дека требало да очекуваме преговори со ЕУ.

Секако, зошто не би го послушале добриот човек Заев и не би аплаудирале задоволно, што воопшто некој, како Франција, ни направил чест да ни го спомене името на Самитот на европските лидери.

Нашето сираче од име, ве молам, некој воопшто и го проговорил, име, чие менување беше со години клучниот услов за некаков сериозен напредок во европските интеграции.

Не, навистина нема никаква логика да сме огорчени, бесни, лути, шокирани, што ни беше тресната во лицето некаква политичка порака од Франција- дека всушност и никој, апсолутно ништо и никогаш не ни ветил.

О, да, зарем не сме дознале до сега дека сите ние, сме паднале во национална кома овој мај, оваа година, дека сме сонувале блажено и сме фантазирале во несвесна состојба, сме си замислувале нерационално и ни се привидувале некакви логично распоредени букви и со некаков разумен смисол, составени реченици.

Некаков Извештај на Европската комисија- добога сме мислеле дека читаме- во кој јасно и читко пишува дека сме добиле препорака за почеток на преговори, сме читале ли воопшто или е ова само некаков привид, кратка илузија, пусти занес наш?“

Целата колумна ТУКА.

- Реклама -