„Вистиномер“: Тимоние спинува за недобивањето на датумот за преговори

Спин е изјавата на францускиот амбасадор во земјава – Кристијан Тимоние, дека Македонија не добила датум за преговори поради нецелосно спроведените реформи, оценува „Вистиномер“.

„Потребен е уште голем напредок, освен на хартија треба напредок и во пракса. Реализацијата на теренот не соодветствува секогаш со очекувањата за зајакнување на правната држава и се докажува дека одредени структурни проблеми се уште постојат, како и заминувањето на младите”, изјави Тимоние.

Според порталот, кој има за цел да служи како алатка за проверка на факти, Тимоние и во самата своја прес-конференција ненамерно посочил зошто ова погоре искажаното е извртување на вистината. Некаде по 20-тата минута, Тимоние вели:

„ … Проблемот не е со прст да биде посочена Северна Македонија, затоа што тој самиот (Макрон – н.з.) ги призна реформите кои што беа спроведени и треба секогаш да кажеме дека и вие треба да бдете спремни и ние треба да бидеме спремни и тоа е реалност, дека ние не сме подготвени и дека треба да се доработи таа методологија на проширувањето… “.

Со ваквата изјава, оценува порталот, Тимоние признава дека и Макрон ги признал реформите, а признава и дека Франција (и дел од Европската унија) не се подготвени за проширување. Затоа, инсистирањето на амбасадорот на „недоволните реформи“ и алудирањето на „лажни ветувања“ што сме ги добивале од земји членки, иако Тимоние веројатно го прави за да се намали гневот на граѓаните кон Франција, е во најмала рака нефер пристап на францускиот амбасадор во земјава, оценува „Вистиномер“. Како контра-аргумент на критиките од Тимоние, порталот потсетува и дека низа европски и американски високи дипломати посочија дека одлуката е „cpaм“ за Европската унија и дека двете земји направиле сѐ што било побарано од нив. Подетално ТУКА.

- Реклама -